Колаченца со путер од кикирики (без брашно)
Вкусни до бесвест, брзи ептен, без многу садови и сите оние работи заради кои никој не сака ни вода од чешма да наполни =))
Вклучете ја рерната на 180 да се загрее.
Путерот од кикирики се мати убаво со шеќерот додека шеќерот не се растопи. Пожелно е да користите шеќер во прав, освен ако не ви причи по некое крцкаво кристалче при јадење. Мене дури и убаво ми е кога крцка, па си ги правам со обичен шеќер.
Од како убаво ќе се измати путерот со шеќерот се додаваат и другите состојки и се мати додека смесата не се изедначи.
Правете мали топчиња, големина по желба и малку сплескајте ги пре да се ставите на тавчето.
Печете 10ина минути на 180 и извадете ги. Оставете ги да се оладат малку пред да ги вадите од тавче.
Мене од оваа доза ми испаднаа 24 колаченца, а топчињата ги правев со големина на орев или во превод колку ми фаќа рачето галичко скржаво =))
Ги печев во тавчето од рерната, на масна хартија и испаднаа две тури за печење.
По текстура се ровки, за оние кои го сакаат вкусот на путерот од кикирики се милина. За оние кои го обожаваат вкусот на путерот од кикирики како мене, тогаш се медоина =))
На здравје јадење пред одмор, купачите за до година, троа поголемки, м? =))
Лиценца: Сите права се задржани