Каша со полжави
Добро сварените полжавчиња се цедат од водата, се пржат на плитка мрснотија со сол.
Се додава брашно, се пржи убаво. Покриено со капак, внимавајте многу прскаат.
Кога се пржени, се додава пипер буковска, убаво се промешува.
Се додава свежо нане, неколку гранчиња...
Можи и така да се јадат.
А, ние ги сакаме во сос - каша.
Му додавам вода, за да ја добиеме саканата густина на кашата. Да прокрчкаат, зачинувам со мешан сув зеленчук.
На здравје!
Лиценца: Сите права се задржани
A vo zamrznuvac imam od onie sto se 5 vo pakuvanje, cinat 5 evra,
Se podgotvuvaat vo fabrika vo negotino.
Smesteni Se vo samiot oklop, golemki po 1 cm, A prelieni so puter, so lukce, kopar, zacini...
Ne gi sakam bas
E sea komsiive so godini zbiraat i gi gotvat
Mislam deka e mn makotrpno
Prvo gi postat, 7 dena sobrani vo konopni vreki, Oti jadele i otrovni trevi,
Potoa gi varat, Pa vo ladna voda, da isplivaat... Pa Potoa. Gi vadat od oklopot, im go vadat crevoto.... I trista Dr cuda.. Gi trijaat so sol da im. Izleze sluzta..
Me interesira kako gi sprema do varenjeto
Неколку дена стојат во мрежен вреќи.
Па се ставаат да се варат во вода цели со школката, подолго време.Па, многу птретекуваат, се пушта пена.Ги вадевме во котел, надвор.
Потоа со игла за плетење со кука се вадат од внатре и се фрла тоа што личи како црева.Се остава само мускулот, она што го гледаме додека лазат.
Потоа се тријат меѓу раце со крупна сол, за да им излезе тоа лигавото.
Повторно убаво се мијат и се варат додека се свари, омекне мускулите, подолго време.
Целиот процес бара време, труд, а и повеќе луѓе за чистење :-)
Инаку се вкусни, мојот сопруг ги обожава :-)
Во соседството еднаш вареа полжави,па кога слушнав како црцорат никогашне помислив да каснам. Од жал.Кој може да јаде,на кој му се вкусни,одличен рецепт за нив.
п.с. Свекрва ми вели за тоа што се јади, не се вели греота...јас истото како тебе го велам кога колиме прасенце...
ти благодарам