Каша со полжави
Состојки
- околу 300 гр. варени полжавчиња
- 3 лажици брашно
- 2 лажици пипер буковска
- по потреба и на вкус зачини - сол, мешан сув зеленчук, нане
- 3 тањири вода или по потреба за саканата густина
- малку масло
Подготовка
Добро сварените полжавчиња се цедат од водата, се пржат на плитка мрснотија со сол.
Се додава брашно, се пржи убаво. Покриено со капак, внимавајте многу прскаат.
Кога се пржени, се додава пипер буковска, убаво се промешува.
Се додава свежо нане, неколку гранчиња...
Можи и така да се јадат.
А, ние ги сакаме во сос - каша.
Му додавам вода, за да ја добиеме саканата густина на кашата. Да прокрчкаат, зачинувам со мешан сув зеленчук.
На здравје!