
14
јул
2013
Каша со пилешки крилца
Во длабок сад ги ставаме пилешките крилца и ги покриваме со вода. Додаваме сол и оставаме да се сварат.
 Кога крилцата се варени ги тргаме од огнот и на загреана плотна ја ставаме тава со масло.
 Кога маслото е загреано, го додаваме брашното да се пржи и да порумени.
 Кога е така подготвено, полека додаваме вода и мешаме да не се згрутчи.
 (Јас ја додадов водата во која се вареа крилцата )
 Зачинуваме.
 Оставаме да повари околу 10 минути .
 Додаваме лукче сецкано.
 Наросуваме бибер и сецкан магдонос.
 Кашата е спремна за јадење.
 На здравје
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови




















