21
апр
2020
Карамелизиран ѓумбир
Излупете го ѓумбирот и исечете го на тенки кружни парчиња. Ставете го во врела вода да се вари 30 мин. Откако ќе омекне, половина вода од садот истурете, а половина задржете.
Во садот со ѓумбир и вода додајте го шеќерот, вратете го на оган и варете уште 30 мин. Ќе добиете смеса како сируп. Парчињата ѓумбир ставете ги на решетка за ладење околу 2 часа.
Во сад со шеќер додавајте од парчињата ѓумбир и валајте ги. Оставете ги да се сушат преку ноќ.
Во што можете да ги користите - банана леб, колачи, торти, пити, мафини, чизкејкс, палачинки, вафли или како декорација на сладолед.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови