Индијанка торта
Оваа торта не само што е едноставна, старинска и подзаборавена, мене ме враќа назад во времето на моето детство кога мајка ни постојано ни ја правеше и никогаш не ми здосадила за чудо едно Најмеката сочна торта која со годините си доживеа и мала измена, која ќе ја споменам подолу.
Јајцата се бијат во сад со шеќерот, се додава врелата вода, брашното измешано со печивото, на крај мелените ореви и се печи во стандарден плех на 200 над хартија.
За филот
Оставаме дел од млекото околу 200-300 гр. за да се промеша со прашокот од пудинг, убаво нека се размати, остатокот од млеко се става на оган. Пред да достигне точка на варење се налева и смесата со пудинг-прашок, па нека се образува крем пудинг. Пред крај се додаваат ванилите и се лади.
Настрана во сад се бие маргаринот со шеќерот во прав и се додава од ладен пудинг лажица по лажица, нека се изедначи убаво
Настрана на тивко се топи чоколадото со маргарин и се премачкува кората (ова всушност е измената за која пишав погоре во старинската торта ова го нема, јас додавам само на барање на конзументите). Кората се сечи надолжно на 3 ленти. Секоја лента се филува со фил, а дел од филот се остава за премачкување најгоре. Украсете по избор.
И само уште еден дел, во филот по желба се додаваат мелени ореви овајпат кај мене нема.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови