Тортава е врв, а е направена со многу скромни состојки. Кремаста и вкусна, па затоа на моите домашни како што малите индијанки им се хит оваа торта им е веќе фаворит.
Подготовка
За да ни биде побрзо подготвена тортата најпрво го подготвуваме првиот дел од филот за да ни се излади.
1. Водата заедно со шеќерот и ванилите ги соединуваме и ги доведуваме до вриење.
2. Откако ќе почнат да вријат им ја додаваме водата (300 мл) во која сме го разматиле брашното и јајцата. Значи како кога подготвуваме пудинг. Енергично мешаме со рачна маталка на загреана рингла додека смесата да згусне. Потоа ја покриваме со најлонска фолија за да не ни фати коричка и ја оставаме да се излади.
3. Путерот пенасто го матиме со шеќерот во прав.
4. Откако кремот од брашно ќе излади го соединуваме со путер смесата. Од филот мал дел одвојуваме за филување и во него додаваме какао.
Подготовка на тесто-пандишпан
1. Ги двоиме белките од жолчките.
2. Жолчките ги матиме заедно со шеќерот, да добијат светло жолта боја и шеќерот делумно да се растопи.
3. Белките пенасто ги матиме до цврста состојба и ги додаваме кон жолчките со повремено мешање, ама со шпатула за да ни остане воздушеста смесата. Кон оваа смеса постепено го додаваме и брашното во кое сме го измешале пецивото.
4. Откако ни е готова смесата во намрсено и набрашнето тавче ставаме ¼ од неа. Значи потребни ни се 4 кори да испечеме, па поради тоа смесата ја делиме на 4 дела.
5. Секое го печеме на околу 200 степени во загреана рерна, ама внимаваме да не го препечеме, да ни остане сунѓерасто.
Откако тестата ќе изладат ги филуваме со филот со помош на шприц.

Забелешка
Ја користев Делимано тавата за печење и пржење. И ја извадив рачката и да ви кажам не го ни подмачкував, само ќе го пребришев пред секое ставање на смесата за печење. Потоа со со помош на алатка за превртивање палачинки, нежно ќе поминев под тестото и лесно ќе го извадев од тавчето. Меѓутоа ако немате вакво тавче можете да ставите хартија за печење или да го намрсувате и набрашнувате вашето тавче. Можете и половината од филот да ја поделите на два дела и во едниот да ставите 2-3 лажички какао па наизменично да ја филувате тортата со бел и кафеав дел. Јас бев кусок со време и само ја филував со белиот дел, а ја украсив и со кафеав.