Ова е само уште еден од начините за подготовка на солена пита,нам ни се допадна, а на вас е да ја испробате.
За филот бр.1 сите состојки се мешаат рачно со маталка, притоа белките не се бијат. Потоа го подготвуваме филот бр.2 и за него потребно е сите состојки да се измешаат убаво и се дели на два дела. Од оваа доза се подготвуваат 2 ролати, од по 5 кори.

Најпрво се става една кора, тенко се премачкува со филот бр.1, над таа кора се реди втората и таа се премачкува со филот бр.1 така се до петтата кора. Над неа се става половината од филот со сирење распределен надолжно по кората и се вие во ролат и тоа од пократката страна на самите кори. Иста е постапката и за вториот ролат. Се ставаат во подмачкан плех, се премачкуваат со масло и се печат на 200 степени за 30 минути. Ладна се сечи.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови