Земички
Овој рецепт го најдов во „Дечија роџенденска славја „ од Мирјана Смилева.
Квасецот разматете го во топло млеко со лажичка шеќер и малку брашно, па оставете на топло место да надојде. Брашното ставете го во сад за месење, направете кратер во средината и додајте го квасецот. Во оригиналниот рецепт 250 мл млеко, по мене недоволно за средно тесто па затоа ставив количина доволна за потребната мекост на тестото. Со млекото месете го тестото додека не престане да се лепи за прстите и додека не се појават меурчиња. Се остава да стаса на топло 30 минути.
Кога тестото е стасано кинете по малку и правете валкасти траки долги околу 20 цм дебели 2 цм, па формирајте различни форми. Јас ги правев како што се гледа на сликите. Плекчето го премачкувате со маргарин и ги редите земичките. Покријте ги да надојдат уште 20 минути. Пред печењето ги премачкувате со жолчка и посипете ги по желба со сусам, ким или афион.Јас ги посипувам обично сите солени кифли со сол,така ми се повкусни.
Печете ги на 200 степени околу 20 минути. Земичките ги правевме заедно со ќерка ми и тоа доцна синока. Љубопитност, што да се прави. И ни се допаднаа,се надевам и на вас. Добар апетит.
Лиценца: Сите права се задржани