Здрави, слатки кекси
Подготовка:
1. Во нутрибулет ги ситниме овесните снегулки. Ги ставаме во сад. Исто во нутрибулет ги ситниме чоколадото, чиа и семки од лен. И нив ги додаваме во садот. Ги додаваме грахам брашното, кокосот, сувото грозје, цимет, пециво, содата, солта.
2. Сега во сад го матиме путерот, јас користев чиста свинска маст, па додаваме шеќер и ванила. Го додаваме јајцето и убаво соединуваме. Тука ги додаваме сите суви состојки. Соединуваме
3. Смесата кога е изедначена ја делиме на 2 дела. На малку набрашнета работна маса од 2 парчиња сучиме кори, дебели по 4,5 мм. Со помош на алатка вадиме форми. Ги редиме во ненамастен плех.
Ги печеме на 180 степени околу 13-14 минути. Внимаваме да не изгорат поради темната боја.
4. Оставаме во плехот 10 минути да се изладат, па ги собираме во лимени кутии. Одлични се за со млеко, кафе, чај, какао.
*Користена е чаша од 200 мл
Лиценца: Сите права се задржани