28
окт
2014
Ѕвезда медењаци
Прво во вангличка се мати маргаринот со шеќерот, па се додаваат ванилата, циметот, јајцето, медот.
Убаво се соединува.
Потоа се додаваат пецивото и брашното.
Количината на брашно ќе зависи од големината на јајцето.
Треба да се добие мазно, не лепливо тесто.
Потоа од тестото се сучи кора на набрашнета маса, се вадат медењаци со форма на ѕвезда и се редат во плех.
Се печат околу 20 минути на 180 степени.
Се декорираат со чоколадни капки.
Се сервираат со чај.
Лиценца: Сите права се задржани