Зајачиња
Измешајте ги сувите состојки, па направете кратер и во него додадете ги останатите. Почнете да месите и постепено на крај додавајте ја топлата вода.
Измесете убаво, покријте со платнена крпа и оставете да се дуплира.
Тестото кратко премесете го врз побрашнета работна површина и поделете го на 15на дела, а секој дел оформете го јајцевидно.
Со кујнска ножица направете 2 коси засеци кои ќе ги претставуваат ушите. Напред ставете зрна бибер наместо очи, а по желба од гризините забодете мали парчиња за мустаќи и со мало парче тесто назат оформете топчесто опавче.
Зајачињата премачкајте ги со белка и печете ги во загреана рерна на 200 степени 7-8 мин, па потоа намелете ја на 175 и печете ги уште 12на мин.
Печените зајачиња покријте ги со кујнска крпа, малку да подоладат пред да ги извадите од плехот.
*** По желба пред да ги оформите зајачињата, можите да ги наполните со фил.
Јас еден дел наполнив со филот од солени бомбици
Лиценца: Сите права се задржани
koga bea mali moite sinovi pravev prasina, zajacina, a sega zdravje Boze koga ke dojdat vnuci na red.
Фала ви на сите за коментарите. Мило ми е што ви се допаднаа и вака модифицирани. Сепак, тестото испадна многу вкусно и фино за јадење, ако можам да се оправдам поради ликот ;) :)
Теофанија ич не те верувам! :)