Испечати

Зајачиња

Зајачиња

Состојки

  • 400 гр брашно
  • 1 пак. сув квасец
  • 1 рамно лажиче сол
  • 1 лажиче мед
  • 60 гр кисела павлака
  • 60 гр свинска маст
  • 1 јајце
  • 1 жолчка
  • 150 мл топла вода
  • уште---
  • 1 белка (за премачкување)
  • црн бибер во зрно, неколку гризини

Подготовка

Измешајте ги сувите состојки, па направете кратер и во него додадете ги останатите. Почнете да месите и постепено на крај додавајте ја топлата вода.
Измесете убаво, покријте со платнена крпа и оставете да се дуплира.

Тестото кратко премесете го врз побрашнета работна површина и поделете го на 15на дела, а секој дел оформете го јајцевидно.
Со кујнска ножица направете 2 коси засеци кои ќе ги претставуваат ушите. Напред ставете зрна бибер наместо очи, а по желба од гризините забодете мали парчиња за мустаќи и со мало парче тесто назат оформете топчесто опавче.
Зајачињата премачкајте ги со белка и печете ги во загреана рерна на 200 степени 7-8 мин, па потоа намелете ја на 175 и печете ги уште 12на мин.

Печените зајачиња покријте ги со кујнска крпа, малку да подоладат пред да ги извадите од плехот.

*** По желба пред да ги оформите зајачињата, можите да ги наполните со фил.
Јас еден дел наполнив со филот од солени бомбици