Велигденски зајачиња
Се ближи најубавиот празник, па почнав со подготовка на колачињата.
Оваа година се решив за зајчиња колачиња.
Направив половина доза од која ми испаднаа 27 парчиња.
Затоа и ќе ја споделам
половина доза на состојки.
За декорирањето ми одеше 1 белка и 250 гр шеќер во прав.
Со таа смеса можете да издекорирате дупло колачиња,но не можев да делам пола јајце ))) , ја ставив цела доза.
На почетокот го замесив тестото од медот,брашното,јајцето и шеќерот.
Додадов пециво и ванили.
По свој вкус решив да додадам и еден зачин за суви колачи, една прекрасна мешавина.
Откако го оформив тестото, го оставив 20 минути во фрижидер,а потоа развлеков кора.
Од кората вадев фигури со калапче во форма на зајаче.
Веднаш ги редев на хартија за печење.
Ги разредив малку,плашејќи се дека ќе нараснат,но останаа исти како што ги исеков.
Печев не многу долго,да останат посветли Десетина минути на 200 степени. .
Откако изладија,почнав со декорацијата.
Во сад настрана ја изматив убаво белката со шеќерот во прав.
Додадов лимонов сок. Ја разделив смесата во два сада и додадов во едниот сива боја.
Ги наполнив шприцовите и полека постепено ги цртав колачите.
Така нацртани ги оставив да се сушат.
Готовите колачи ги собрав во кутија,ќе го чекаат убавиот ден.
Нека се радуваат децата,а и јас со нив.
На здравје
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови