Замок торта
Ова е роденденската торта на мојата внука. Изгледот е нејзина желба и мој обид да личи на замок)))
Филот е модификација од Бинго торта, а мојата маленкост како и многу пати, место да си испече свој паднишпан посегна по купените, кои за жал кога најмногу требаат во вакви хитни случаеви ги нема баш такви какви се посакуваат (едвај најдов бели, а камо ли со какао).
Бидејќи купените кори се тенки, основата ја правиме од две кои ги лепиме со 2-3 лажички течен мед. Заради поубав изглед се препорачува да се темни, односно оние со какао.
Литар млеко со шеќерот се става на оган да проврие, а во останатиот половина литар ги раствораме пудинзите и густинот. Вариме пудинг.
Е сега тука најчесто се чека пудингот да олади, па се додава разматениот маргарин, но јас често, како и сега го додавам во уште топлиот пудинг и енергично го мешам, па се добива исто така добар крем.
Кремот го делиме на 3 еднакви дела. Во едниот се мешаат мелените бисквити, во другиот лешниците и во третиот расопеното црно чоколадо.
Корите се премачкуваат со малку сок од портокал, па се филоваат со кремот со бисквити. Врз нив се редат ресаните, предходно намакани во млеко, па филот со лешници. Над нив одат пишкотите намакани во сок од портокал, па филот со чоколадо.
Оставете ја тортата во фрижидер добро да се стегни, па потоа филовајте ја и на крај украсете.
Лиценца: Сите права се задржани
tortata e super a i dekoracijata pozz:)
i srejken rodenden na fnukata
i srejken rodenden na fnukata ..
Maja ti zemvajgo zamot a jas ke tercam preku vratata sto velis hehehehheh
ДЕКА ЛАЖЕШ!!
си знаеш ти со кујанта како треба, си знаеш. само нам тука ни мачкаш очи :) :) :) :)
значи кога ќе одлепиш ЗАБЕГУВАШ!
тортава е закон. само фали принцеза со долга коса во кулата :) :) :) :)