6
ное
2013
Едноставно пржени лигњи
Лигњите одмрзнете ги, измијте ги и посолете ги со сол. Измешајте ги и ставете ги на кујнска салфетка убаво да се исцедат од водата.
Во чинија измешајте ги двете брашна. Земајте од лигњите, извалајте ги во брашното и пржете ги во поголема количина загреано масло додека добијат златна боја.
Извадете ги на салфетка да се исцедат од маслото.
Послужете ги топли попрскани со лимон, со компир салата или друга салата по желба.
На истиов начин може да си пржите и ракчиња.
Лиценца: Сите права се задржани