Испечати

Едноставно пржени лигњи

Едноставно пржени лигњи

Состојки

  • 1 кг готови прстени од лигњи
  • 5 полни лажици пченкарно брашно
  • 3 полни лажици бело брашно
  • по потреба сол
  • по потреба масло за пржење

Подготовка

Лигњите одмрзнете ги, измијте ги и посолете ги со сол. Измешајте ги и ставете ги на кујнска салфетка убаво да се исцедат од водата.
Во чинија измешајте ги двете брашна. Земајте од лигњите, извалајте ги во брашното и пржете ги во поголема количина загреано масло додека добијат златна боја.
Извадете ги на салфетка да се исцедат од маслото.
Послужете ги топли попрскани со лимон, со компир салата или друга салата по желба.
На истиов начин може да си пржите и ракчиња.