1. Во млекото го ставаме квасецот, шеќерот и солта.
2. Во сад за месење ги ставаме млекото со квасецот, солта и шеќерот. Ги додаваме јајцата, маргаринот и маслото. Мешаме со жица за матење.
3. Пополека го додаваме брашното и замесуваме средно тесто. Тестото го оставаме да нарасни.
4. Од тестото земаме парчина со големина на јајце. Тестото го обликуваме во форма на топче и со помош на дланките нежно го притискаме.
5. Лепчината ги ставаме во плех обложен со хартија за печење. Ги оставаме малку да нараснат.
6. Ги премачкуваме со жолчка и ги посипуваме со сусам.
7. Ги печиме на 180 степени околу 20 минути.

Забелешка
- чашата е 200 мл, а филџанот е 75 мл
- јас врз некои од лепчината ставив сончоглед, кој претходно малку го истолчив
Уживајте во овие прекрасни лепчина = )))
Afiyet olsun !!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани