Едноставна ужинка од градинка
Ова ни е најомилената ужинка во градинка, па мораше да пробаме да ја направиме и дома. Главниот дегустатор беше задоволен, што значи сме го погодиле рецептот.
1. Пудингот се вари на вообичаениот начин, но со помалку млеко и додека е топол во него се сецка маргаринот на коцкички да се растопи.
2. Бисквитите се кршат на парчиња и се додаваат во пудингот, не ги ситнете многу, винимавајте да останат и поголеми парчиња, за да се познаваат во тортичката.
3. Истурете ја смесата во калапче обложено со фолија. Оставете во фрижидер да се стегне неколку саати.
Ужинката е готова и иста како од градинка. =) Уживајте!!!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови