
Брза ужинка за на плажа
Штом се спремаме за на плажа, секогаш ни треба нешто брзо. Еве една брзинска идеја, а посебно здрава (мислам на бананата и путерот од кикирики), полна со енергија, таман за слатка маренда на плажа.
Подготовката е едноставна
Земете тортиља или поголема палачинка, намачкајте ја со путер од кикирики,
ставете ја излупената банана на крајот и завиткајте ја како ролатче.
Исечете кругови дебели околу 1,5 см, капнете 2-3 капки лимон на бананата да не потемни и да биде свежа, ставете чепкалка на секое парче и наредете ги во пластичен сад.
Истата постапка се прави со еурокрем (црн или бел по желба).
Ужинката е готова.
Ова се попогодни продукти, што е битно кога треба да се задржиме повеќе време на плажа. Вкусна ужинка, што може да е предлог и за на пикник, пробајте!
Лиценца: Сите права се задржани