Солена декоративна ужинка
Еве една идеја за ужинка за на плажа, која е брза и лесна за подготовка, со само неколку состојки, а посебно привлечна за децата. Поради интересната декорација, може да се најде за роденден, за некоја забава покрај базен и за се она што сакате.
Убавиот вкус не изостанува.
Подготовката е кратка и јасна
- Крем сирењето се меша со вилушка со додавање на сината боја се до рамномерно изедначување. Сината боја се додава според нијансата која сакате да ја добиете.
- Со синиот сирен крем се мачкаат оризовите галети, одозгора се редат солените крекери-рипчиња, и се ставаат во соодветен сад за носење.
Количината на состојките се менува според потребите, а бојата не е задолжителна доколку не сакате.
Забелешка: ако користите прехрамбена боја во прав, првин измешајте ја со малку вода да биде течна за полесно да се изедначи со крем сирењето.
Пробајте!
Лиценца: Сите права се задржани