Испечати

Солена декоративна ужинка

Солена декоративна ужинка

Состојки

  • 2 колачи од интегрален експандиран ориз (оризови галети)
  • 100 гр. крем сирење
  • неколку капки сина прехрамбена боја
  • по потреба солени крекери (рипчиња)
  • неколку бисерчиња за декорација

Подготовка

Еве една идеја за ужинка за на плажа, која е брза и лесна за подготовка, со само неколку состојки, а посебно привлечна за децата. Поради интересната декорација, може да се најде за роденден, за некоја забава покрај базен и за се она што сакате.
Убавиот вкус не изостанува.

Подготовката е кратка и јасна
- Крем сирењето се меша со вилушка со додавање на сината боја се до рамномерно изедначување. Сината боја се додава според нијансата која сакате да ја добиете.
- Со синиот сирен крем се мачкаат оризовите галети, одозгора се редат солените крекери-рипчиња, и се ставаат во соодветен сад за носење.

Количината на состојките се менува според потребите, а бојата не е задолжителна доколку не сакате.

Забелешка: ако користите прехрамбена боја во прав, првин измешајте ја со малку вода да биде течна за полесно да се изедначи со крем сирењето.
Пробајте!