Едноставна, брза и вкусна гибаница, запишана уште од студентските денови.
Може да се јаде за појадок или за вечера.

1. Вклучете ја рерната на 200 степени и почнете со подготовка.
2. Намрсете ја правоаголната тава каде ќе ги редите корите, направете смеса од маслото и киселата вода, избројте ги корите и почнете со редење.
3. Со четче попрскувајте од смесата на секоја кора, а на секоја трета кора ставете и од изренданото сирење или изварка. Завршете со кора, а ако ви остане од смесата со масло и кисела вода, дотурете ја одозгора.
4. Гибанцата убаво до дното исечете ја на коцки, јајцата посолете ги, изматете ги и распоредете ги на исечената гибаница. Врз нив полејте ја киселата вода.
5. Посипете со сусам и печете 30-35 минути.
Гибаницата консумирајте ја топла со јогурт, павлака ... со она што ви е убаво ...
На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани