15
мај
2020
Домашни чоколадни пуканки
Пченката заедно со маслото ставете ги во тенџере и испукајте ги.
Во поголемо тенџере на страна стопете го шеќерот додека добие боја на карамел, а потоа додадете го путерот и чоколадото и мешајте за да се растопат убаво.
Во тенџерто со чоколадо ставете ги пуканките и мешајте додека се чоколадираат.
Откога ќе се изладат со раце поминете низ нив за да ги одлепите една од друга.
На здравје !!!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови