29
јан
2016
Домашни карамел пуканки
Еден рецепт за нешто познато од детството, карамелизирани пуканки во домашни услови исти како од машина за пуканки.
1. Во тенџере со капак се става маслото и се става на оган убаво да се загрее.
2. Се додава пченката и се прават пуканките.
3. Пред крајот се додава шеќерот во прав и убаво се протресува за шеќерот да дојде на дното на тенџерето.
4. Се карамелизира шеќерот и убаво се промешува за сите пуканки да се карамелизираат.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови