Одлични домашни вафли кои може да ги јадете со разни додатоци како мед,крем,овошје...
Прво јајцето го кршиме и ја двоиме белката од жолчката.
Жолчката ја мешаме со солта,шеќерот,млекото и маслото.Потоа на смесата го додаваме брашното со печивото.
Изматената белка ја додаваме кај тестото и добиваме густа смеса.
Апаратот за вафли лесно го намастуваме и загреваме и ставаме по една лажица од смесата да се пече.Обично им треба 4-5 минути за да се готови.
На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови