1. Состојките за тестото убаво се мешаат и се додава вода додека не добиеме меко тесто. Убаво се замесува и се вадат 6 топчиња.
2. Секое топче се промесува добро и се сучи, до големина на мала чинија (како за торта) и се мачка убаво со масло. Се оставаат да отстојат 10 минути. Додека тие стојат во тавче за пржење го пропржуваме кромидот и го додаваме компирот, заинет по вкус.
4. Го земаме првото топче и добро растегаме. На една страна од кората ставаме од подготвениот компир и превиткуваме. Ја виткаме во круг и продолжуваме со останатите.
5. Рерната се загрева на 200 степени, а се пече на 160-170 степени додека не зарумени убаво.
6. Штом е готово се покрива со влажна крпа и поклопец и се остава да отстои за да омекне. (отприлика 15 минути)

Покрај баничката на сликата ми излегоа и две помалечки.
Може да се направи и различна форма и различен фил, секако е супер. На здравје.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови