Домашен омекнувач за алишта
И од мене еден антирецепт.
Храната повторно во служба на хигиената, здравјето и убавината!
Брз и лесен начин, како до евтин омекнувач за алишта за кој сте стопроцентно сигурни дека е природен, без скриени хемикалии кои не ги сакаме во нашиот дом.
Смесата може да ја направите директно во некое преостанато шише од омекнувач, кое е минимум од 2 литра.
1. Најпрво ставете ја содата во шишето со само 100 мл дестилирана вода. Не мешајте ништо, туку постепено додавајте го оцетот.
Јас користев 9 % оцет, но во рецептот на кој наидов немаше нагласено точно, па претпоставувам дека може и со 4% и со 6%. Значи што имате по дома. Тестирајте и направете разлика сами!
2. По ставањето на оцетот, смесата ќе почне да врие и се остава така неколку минути, дури да престане.
3. Откако ќе престане, дотурете го остатокот (600 мл.) од дестилираната вода, затворете го шишете и измешајте енергично.
4. На крај се додаваат капките етерично масло и повторно се меша.
Вашиот омекнувач е спремен за акција!!!
Не очекувајте дека ќе добиете омекнувач идентичен со оној од продавница.
Најважно од се е тоа што продуктот кој го добивате е евтин,природен и со задоволителен ефект!
За перење на бели и шарени алишта ја полнам кадичката предвидена за омекнувач, додека ако имам повеќе алишта од фротир, како крпи, пижами или да речеме ќебиња, нешто што треба да е навистина меко ставам дупла доза.
Лиценца: Сите права се задржани
Се надевам дека барем еднаш ќе го пробаш!
Eve na sto naidov...