Нешто во последно време вкусот на ржаното брашно почна многу да ни се допаѓа и почнавме редовно да го користиме, еве едн рецепт кој се надевам ќе ви се допадне за домашно лепче од мешавина од брашно.
Во еден подлабок сад се ставаат двата вида брашно и се промешуваат убаво, на средината се прави отвор и во него се става квасецот, солта, шеќерот и панкото се истура по малку вода. Се меси средно тесто се премачкува со малку масло и врз него се става кесе, се покрива убаво и се остава да нарасне. Откога ќе нарасе се прават лебчиња во ваша желба и форма потоа се префрлаат во тавче претходно наросено со малку брашно и се остава повторно да стаса. Откога е стасано се пече на 220 степени 40 минути.
Кога ќе се извади од рерна се премачкува со мешавина од масло и вода. Се покрива прво со најлонска кеса, а потоа со прекривка и се остава 10 минути да омекне и потоа се вади од тавчето за да не биде влажен лебот.
Пријатен апетит !!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови