
Домашен кечап
Јас овој кечап го правев сега во февруари заедно со Нутрибулетот. Секогаш замрзнувам домати и пиперки и си правам салца или сос од домати за лазањи, за болоњезе. А сега со Нутрибулетот решив да го направам кечапот кој го имав направено летото но се потроши.
1, Значи се ставаат доматите во врела вода и се лупат и сечат(ако се замрзнати убаво се сечат). Се ставаат во тенџере. Се додава сечканите пиперки(чувам сечкани замрзнати), сечкан кромид, лук и магдонос. Сите овие состојки се варат / пржат околу 15 мин. Целата смеса се блендира со Нутрибулетот.
2. Се враќа смесата во тенџерето се додава сол, шеќер, оригано и бибер и се вари на тивко околу 1 час. Кечапот е готов кога целата смеса ќе е намалена отприлика на половина од почетокот на правењето (кога ќе се згусне).
Ете го и мојот кечап направен во Зима.
Лиценца: Сите права се задржани