Во помалечок сад се мешаат шеќерот во прав и брашното.
Брашното треба убаво да се просее и ако сакате да добиете посветли нијанси нека биде бело.
Постепено кон шеќерот и брашното се додава лимонот и се меша. На крај се додава и водата и се меша додека се соединат сите состојки.
Смесата се става на оган на повисока температура и се меша постојано додека зоврие и се згусне.
Така добиената смеса се дели во по помалечки садови и со прехранбени бои се бои по потреба.
Овој гел-смеса е идеална за цртање фигури на торти, за декорација на колачи .
Рецептот е испробан многу пати .

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Без адаптирани дела