Дип (намаз) од свеж копар
Прекрасен дип, намаз, како прилог кон пржени тиквички, салата од краставици, пилешко месо...
Сезонава има свеж копар, па ајде да го искористиме овој зеленчук периодов, кој хемиски и воопшто да не се третира.
Прво копарот го чистиме, односно ги одстрануваме дебелите дршки, нека останат само оние нежни, млади гранчиња.
Ги ставаме во чашата на нутрибулет, додаваме млеко и соединуваме.
Во касерола ставме масло и додаваме брашно.
Пржиме на тивок оган, колку само малку да се промени бојата.
Тука ја додаваме смесата од копар и млеко, зачиниваме и вариме на многу тивок оган додека не се згусни.
Тука го додаваме и парченцето путер за шмек и сјај.
Убаво промешуваме.
Ако ви се чини дека дипот е многу густ додадете уште малку млеко.
Го собираме во сад и го послужуваме како прилог.
А богами многу убав дип е и може да се искористи на парче тост леб, со козјо сирење.....
Лиценца: Сите права се задржани