Мајка ми често прави најразлични тави со месо бидејќи татко ми и мојот сопруг се љубители на месо. Едноставно и доаѓаат во глава и многупати не ни ги запишува. Затоа јас сум тука, да запишам и да ги направам повторно.

Чекор 1
Шницлите се валкаат во малку брашно и се пропржуваат. Се тргаат на страна. Во истото масло се пропржуваат печурките. Потоа се додаваат доматите, морковите, шницлите и магдоносот.

Чекор 2
Се полева со вода да се поклопат состојките и уште еден прст над нив. Се зачинува по вкус. Се динста тавата околу 2 часа на тивко. Потоа се е меко и се топи во уста.

Јас често на вакви тави ставам и неколку чешниња лук. Вкусот е уште поинтензивен.

Оди одлично со чаша црвено вино.

Уживајте!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани