Динстана јунешка тава ала мама
Состојки
- 1 кг јунешки шницли
- 800 грама маринирани печурки
- 1 - 2 домати
- 3 моркови
- пола китка магдонос
- по вкус сол, мешан сув зачин, црвен пипер, ловоров лист
- по потреба вода
- малку брашно
- малку масло
Подготовка
Мајка ми често прави најразлични тави со месо бидејќи татко ми и мојот сопруг се љубители на месо. Едноставно и доаѓаат во глава и многупати не ни ги запишува. Затоа јас сум тука, да запишам и да ги направам повторно.
Чекор 1
Шницлите се валкаат во малку брашно и се пропржуваат. Се тргаат на страна. Во истото масло се пропржуваат печурките. Потоа се додаваат доматите, морковите, шницлите и магдоносот.
Чекор 2
Се полева со вода да се поклопат состојките и уште еден прст над нив. Се зачинува по вкус. Се динста тавата околу 2 часа на тивко. Потоа се е меко и се топи во уста.
Јас често на вакви тави ставам и неколку чешниња лук. Вкусот е уште поинтензивен.
Оди одлично со чаша црвено вино.
Уживајте!