Гратинирана солена торта од тестенини и палачинки
Ова е денешниот доручек, од кој моите најмили беа презадоволни.
Па еве ќе го споделам овој мој предлог со вас драги мои пријатели.
Најпрво на вообичаен начин во Делимано тава за палачинки се пржат 10 палачинки.
Потоа на дното на округли калап, може силиконски на Делимано се става една палачинка.
Потоа странично се ставаат палачинки, со тоа што втората палачинка ја преклопува делимично првата палачинка.
Така се постапува се додека не се исполни цело тавче.
Сега на загреано маслиново масло се пропржува сецканата сланинка, се додава вареното сецкано пилешко месо, сецканиот морков.Се запржува 2-3 минути.
Се трга од оган, се зачинува со сол, бибер, зачин и се додава сецканиот кашкавал.
Се промешува убаво.
На ова се додаваат свараените тестенини-макарончиња, се додава бешамел сосот и убаво сето се промешува.
Со вака добиената смеса се полни калапот обложен со палачинките.
Се повлекуваат палачинките кон внатрешноста на калапот и најгоре се става една палачинка.
Цела торта се премачкува со 2-3 лажици од претходно настрана оставениот бешамел сос и оди во рерна 10 минути да се запече.
Потоа се вади од релната се премачкува со изматената павлака и јајце и се запекува во рерна уште 20 минути.
Пожелно е малку да се излади, па да се сечи оваа убава солена торта од палачинки и тестенини.
Јас го користев мојот рецепт за бешамел сос со јогурт.
Го имам приложено во рецептот Лазањи.
И уште нешто - во силиконскиот калап на делимано прво ставив хартија за печење, со цел кога ќе биде испечена тортата да можам полесно да ја извадам тортата на решетка за малку да се излади.
Лиценца: Сите права се задржани
vi blagodaram na komentarite
и рецепт и фотографија за чиста петка!
пружи раче да ти пишам петка, па и пчеличка ќе ти нацртам :) :) :) :)