Гратинирана паста со трошки
Во касерола ја ставаме водата и солта.
Од кога ќе зоврие ги додаваме тестенините да се варат.
За тоа време ја загреваме рерната и го подготвуваме преливот.
Во ненамастена тава ја запржуваме ситно сецканата сланина, да си пушти од својата маснотија.
Во сад ги соединуваме јајцата, младото сирење, сецканото чили пиперче, сецканите маслинки, сол, бибер, пропржената сланина.
Сварената тестенина ја процедуваме.
На дното на садот за печење ставаме 2 лажици растопен путер.
Тестенината ја соединуваме со преливот и ја нанесуваме во садот.
Наизменично во садот ги ставаме малите цветчиња брокула, кои јас ги бланширав само 40 секунди, за да не ја изгубат својата боја и да бидат преварени.
Во нутрибулет ги ставаме лепчињата, пармезанот и босилекот.
Соединуваме.
Со овие трошки ги покриваме подготвените тестенини.
Гратинирамне во загреана рерна 25 минути, сепак не смеат да бидат пресушени.
Сервираме топло.
Лиценца: Сите права се задржани