Градинарска салата
Ова е салата која често ја јадевме кога одевме во посета на моите баба и дедо. Колипка направена од дрва и слама, земјено грне и цела градина пред нас. Значи овој рецепт се прави директно на нива или ние така го конзумиравме со голема сласт и радост.
Ја нареков градинарска затоа што е правена со намирници директно скинати и подготвени.
Зелениот грав се чисти од мешунките и се вари. Времето на варење е кратко околу 40 минути. Од како ќе се свари од гравот се цедат само зрната.
Пиперките се печат, лупат и се сецкаат на поголеми парчиња. Младиот кромид исто така се сече на тркалца а исто и и младото лукче.
Доматите се сечат на парчиња и се се меша во подлабок сад. Се налева зејтинот и магдоносот и салатата е готова.
Секое одење на бавча кај моите баба и дедо беше голема радост, а и тие што не бевме гладни или што не сакаа грав пројадоа.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Без адаптирани дела
Многу убава салата,шала на страна
http://www.youtube.com/watch?v=KcbQzQzjvas