Гнезда од 3 состојки
Превкусни се, брзо се прават, за пола час ќе имате одлично засладување за вас и за вашите најмили.
1. Бананата ја гмечиме со вилушка, ги додаваме бисквитите и кокосот (во зависност од големината на бананата, додадете повеќе или помалку од бисквитите и кокосот, јас употребив колку што е наведено во состојките). Со рака ја изработуваме смесата да се соединат убаво состојките, па формираме бомбици кои ги увалуваме во кокос.
2. На секоја бомбица и правиме вдлабнатина со прстот. Ги полниме со малку еурокрем. Тоа е се и веднаш се спремни за дегустација.
Забелешка - доколку сакате можете да додадете и мелени ореви ( 5 големи лажици ореви, 5 големи лажици бисквити).
Ако немате еурокрем, може да ги направите едноставно само како бомбици, во тој случај по вкус може да додадете 1-2 лажици шеќер во прав, иако јас мислам дека нема потреба од тоа, доволна е блажината од самата банана.
Лиценца: Сите права се задржани
Се изгубија во пропаднатите рецепти.Вкусни и лесни. Браво Сим.
Имам и јас уште неколку варијанти по состав на овие гнезда, ама сеуште не им дошол редот :)