1. Прво се подготвува тестото. Во подлабок сад се става брашно, квасец, сол, шеќер, пециво и масло. Се замесува меко тесто и се остава да кисне околу 20 мин.
2. Откако е готово тестото, се расукува и се дели на 4 дела. Од секој дел се сучи кора, која се пржи во поголема количина загреано масло
3. Во друг сад се ренда сирењето и киселите краставички и во нив се додава мајонезот и павлаката. Со оваа крем смеса се премачкуваат гиро-лепчињата
4. Месото се сече на тенки ленти, се зачинува по вкус и се пржи на грил тава со малку свинска маст
5. На крај се витка гирото и како прилог може пржени компирчиња и чаша црвено вино

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови