
Велигденски кифлички
Во длабок пластичен сад го ставаме претходно отсеаното брашно, солта, шеќерот.
 Промешуваме и го додаваме стасаниот квасец.
 Додаваме масло и водата и замесуваме тесто кое е прилично меко.
 Го делиме тестото на три еднакви делчиња и веднаш почнуваме со изработка на кифличките.
 Не го оставаме тестото да одмори.
 Расукуваме кора од првата топка и правиме фигури со модлички.
 Јас искористив калапче на пиле и јајце, а направив уште неколку изработки со помош на чаша.
 Кифлите во вид на јајце и на пиле веднаш ги редев во намастена тава и ги мачкав со разматена жолчка во која додадов една капка масло и сол. Декорирав со биберче во зрно за да има убав изглед.
 Останатите пилиња, лебедчиња, зајаци ги правев со чаша.
 Отсеков едно кругче од тестото со чашата, го превиткав кругот на пола и добив полукруг.
 Од рамната страна сечам како три отсечки на полукругот и најголемата ја превиткувам како врат и декорирам со биберче, зада личи на око.
 Можеби не јасно објаснив но од сликите би требало да имате претстава за што гооворам.Истата постапка се повторува со жолчката и се става по малку маргаринче и се печат веднаш.
 Кога се заруменети, вадете ги. Бргу се печат, како што вели мајка ми....... колку душа имаат овие за печење.
 Така ги средуваме и останатите два дела од тестото.
 Искрено ова е едно поигрување со тестото, кое што моите деца многу го сакаат.
 Имаат примамлив изглед ,па сигурно нема да ви остане ниту едно на овие празници.
 На здравје
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
























I edna ispravka na mojata greska. 3 ramni MALI lazicinja sol ,treba da se stavi.
---Blagodaram na ubavite zborovi Lili :)
И јас пред некој ден правев лебеди на истиот начин, но од сосема друго тесто, нешто како гурабии. Комшивката вчера дојде и бурно и позитивно изреагира за игледот :))) но, за жал, не проба-постеше.
Кога сме кај тестото, дека е со квасец... ни еднаш не се остава да искисни, или додека се прават фигурите си оди таа работа?
Ете го резултатот :)