Квасецот растворете го во малку млеко, додадете по 1 лажиче брашно и шеќер и оставете да стаса.
Во голем и длабок сад, измешајте ги сите состојки, додадете го стасаниот квасец и постепено додавајќи од млекото замесете тесто. Месете го отприлика некои 10 мин. Тестото може и малку да лепи на рацете, ама такво треба да биде.
Вратете го во садот, покријте го со крпа и оставете го во топла просторија да стасува 3 часа. Откако ќе стаса, премесете го и повторно вратете во садот да стасува наредни 3 часа.
Откако и вториот пат тестото нараснало, поделете го на три дела без да го размесувате. Едната третина поделете ја на три дела и исукајте сукалки од нив па сплетете плетенка. Истото повторете го и со станатите два дела. Ставете ги во подмачкана тава и покријте со крпа. Оставете да стасаат додека волуменот да се дуплира.
Рерната загрејте ја на 200 степени. Откако плетенките нараснале, премачкајте ги со изматено јајаце и обилно посипете ги со кристал шеќер. Ставете да се печат додека малку заруменат одозгора, па потоа намалете ја температурата на 180 степени. Времете на печење зависи од јачината на рерната, ама отприлика се некои 45 минути. Сепак, направете проба со дрвена чепкалка или остар нож, дали плетенките се печени.
На крај, откако ќе се испечат, оставете ги 5-10 мин. во тавата па потоа извадете ги на решетка убаво да се изладат.

Јас овојпат направив пола доза. Направив една плетенка, која ја печев во поголем калап за леб. Од половина доза би можеле и две помали плетенки да се направат. Овојпат ставив сув квасец, и тоа на 750гр. брашно додадов 14гр. сув квасец. Исто успешно излегува како и со свежиот.
Тестото тешко нараснува па затоа е многу битно просторијата каде ќе стои т.е. стасува да е топла.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани