Вафли оревчиња
Одамна овие форми чекаа да се испробаат, но до сега не се нашло ни погодно време, ни соодветна инспирација. Одлуката случајно беше донесена во ист ден со актуелната тема, па така идејата за фил всушност оваа тема ми ја наметна како моментална инспирација. Направив и бел фил од инстант пудинг и мелени ореви (за секој случај да не тргни нешто наудолу), но дома не ми дозволија со него да ги полнам. Овој , црниов испадна полн погодок, а колачите ги снема инстантно. Денес правиме реприза, дупла доза со помошници ;)
Ставете го путерот/маргаринот да се стопи на мала температура и оставете малку да подолади, но да не се здрви. Изматете ги јајцата со шеќерот и постепено додавајте ги останатите состојки за тесто.
Печете ги вафлите-оревчиња во загреана и намастена ваферка со модли за ореви.
Ставете ги на среден оган кондензираното млеко и слатката павлака и мешајте додека убаво се спојат и малку згустат (одокативно околу 3 мин). Тргнете на страна и додадете го искршено чоколадото. Мешајте да се стопи, па додадете ги мелените ореви и чилито и повторно измешајте.
Полнете ги оревчињата со фил и лепете ги меѓусебно по две. Уживајте!
Лиценца: Сите права се задржани
Тостерчето ми е од Лидл, си го купив скоро пред една година. Со 3 плочи ми е, чинам дека во рецептот со вафлите со чоколадо или оние белгиските веднаш си се испофалив :)
Лудо, седи мирна оти со тоа крофните твои ќе те гаѓам да знаеш :) ич, не сум ти па јас завидлива, ама ич (чек да се забришам малку)
Лиле, јас обетив дека ако зачекам повторно јавно ќе изреагирам за заинтересираните. До тогаш, полесно е да повелиш на лице сместа на готови направени :) :)