Ванилици со фил од јаболка
1. Маслото и водата ги ставаме во сад на оган да зовријат. Садот го тргаме на страна.
2. Брашното и пецивото ги мешаме заедно. Ги додаваме во зовриената вода и мешаме. Смесата ја оставаме да се подизлади.
3. Тестото го вадиме од садот и го месиме.
4. Фил- јаболката ги рендаме. Ги ставаме во сад на тивок оган. Во нив го додаваме шеќерот. Од време на време мешаме да испари водата. Садот го тргаме од оган. Во јабоката ги додаваме оревите, циметот и ванилата. Мешаме.
5. Од тетсото земаме тесто во големина на орев. Тетсото го расплескуваме на рака. Во средината ставаме по 1 лажиче од филот и правиме топчина.
6. Ванилиците ги редиме во плех обложен со хартија за печење.
7. Печиме на 180 степени 20 минути.
8. Топлите ванилици ги валкаме во шеќер во прав.
Лиценца: Сите права се задржани