
Ванила крем колач
Рерната вклучете ја да се загрева на 185 степени. Подлабок плех од ререна премачкајте го со зејтин и набрашнете го. Јајцата заедно со двете врсти на шеќер изматете ги убаво додека смесата да осветли и се згусне. Додадете брашното и пецивото, изматете кратко па на крај ставете го зејтинот. Матете колку да се спојат состојките па претурете ја смесата во плехот и ставете да се печи 15-20 мин. во зависност од рерната. Кога ќе го ставате филот, тестото треба одозгора да биде заруменето.
Во дел од млекото разматете ги пудинзите а во остатокот од млекото ставете го шеќерот и ставете да се вари. Кога ќе зоврие додадете ги пудинзите и сварете ги. Во врелиот пудинг додадете крем фреш (или киселата павлака) и убаво изматете со жица за матење. Врелиот крем нанесете го врз врелото тесто и вратете повторно да се паче најмногу 10 минути. Извадете од рерна и оставете потполно да излади.
Шлаг пената подгответе ја според упатството за подготовка и со неа премачкајте го колачот. Одозгора наредете ги праските претходно исцадени од сокот и исечени на кришки.