21
фев
2015
Бушавци од готови кори
Брз доручек
Прво корите ( јас имав 10 кори) ги сечев на 3 ленти, па секоја лента уште на 3 пати.
Калап за мафини прво со четка се намрсува со масло.
Во една зделичка се соединуваат сите состојки за филот, без да се чека квасецот да втаса.Потоа во секое дупче се става по 1 парче од корите.
Се става по 1 лажица од филот.
Се гужва едно парче кора, оди во средината, 1 лажица фил, па кора, фил, се додека не се истроши материјалот.
При работата убаво да се гледа да не останат суви коричките.
Нежно краевите се завиткуваат на внатре се наросува сусам и се печат 30 минути на 180 степени.
Лиценца: Сите права се задржани