5
апр
2012
Бушави коцки
Јајцата и шолата шеќер се миксираат. Постепено се додава шола млеко, шола масло, 2те шоли брашно, прашокот за печење и ванилиниот шеќер.
Смесата се истура во намастена правоаголна тава (јас печев во кружна30) и се печи 20на мин на 180 степени.
Кога е готов кексот, се остава да излади и се сечи на коцки.
Секоја коцка од сите страни ја макаме од преливот (малку изладен) направен од стопената чоколада, маргаринот, 5 лажици шеќер, 130 гр млеко и на крај ја валаме во кокосот.
Добар апетит!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
а за чупава ката имам друг рецепт. тоа е торта со кора, па фил и одозгора кора, ама рендана на ренде. се уште ми седи во рецептарникот и години сакам да ја направам, ама не знам зошто не и дошол се уште денот:))) уназат, често ја правеа и со гордост ја ставаа пред гостите, секогаш беше фален колач. е сега и за бушава ката имам слушнато, ама не знам дали е таа чупавата или некој др рецепт.
го памтиш времето кога СКАПИ ТОРТИ беа тие со по 6 јајца па нагоре?
и во мојата фамилија баба ми битолчанката само за гости ги чуваше/правеше :) :) :) :)
мили, баба ми е јака жена, не смее никој да се осмели да ја налути, оти како чак норис е хаха и нервен слоН имаше да бега од неа :))))))))))))
порано, кога татко ми бил мал, да имаш дома бонбоњера било ЕХЕЕЕ, еднаш да ти се деси. и види чудо некако им се нашла бонбоњера по дома, па баба ми ја качила горе на шкаф задецава да не ја дофатат и да стои за гости. паметњаковичи татко ми и брат му, со ноктиња гребеле одоздола и си ги изеле сите бонбони, а баба ми кога ќе погледнела нагоре - бонбоњерата во целофан....и така подолго време додека не дошле госи и баба ми ја ПРИНЕЛА бонбоњерата пред нив празна и испогребана одоздола ко глувци да ја глодале :) :) :) :)
баба ми битолчанката цел живот криеше благо од нас - ДА СЕ НАЈДЕЛО ГОСТИ КОГА ЌЕ ДОЈДАТ. никогаш не го преболев тој момент, а и бев безобразна, па за инает и чепкав да го најдам :) :) :) :)
ова со мајка ти ме потсети на баба ми. мајка ми иако битолчанска ќерка никогаш не ме стави на таква тортура, да знам дека има јадење, а да не ми го даде :) :) :) :)