Бриош леб
1.Го правиме пред тестото* Во длабок сад го мешаме брашното и квасецот го додаваме малку по малку топлото млеко и се заедно мешаме со дрвена лажица додека смеесата не стане како каша.Го покриваме садот со целофан и го оставаме така да стои 30 мин.
2. Јајцата ги матиме со вилушка и ги додаваме малку по малку во брашното и квасецот и цело време мешаме со дрвената лажица.
3. Брашното го просејуваме додаваме шеќер и сол и се заедно ставаме во смесата од јајцата добро промешуваме и ја оставаме оваа смеса да отстои 5 мин.
4. Во смесата го додаваме омекнатиот путер малку по малку и цело време мешаме со дрвената лажица додека путерот убаво не се соедини со тестото.
5. Вака спременото тесто се става на добро набрашнета работна маса и се меси 10 мин.Ако е потребно се додава уште малку брашно,но тестото треба да ни биде меко ,еластично и не многу лепливо.
6. Од тестото формираме топка ја ставаме во подмачкан сад со путер и одозгора го мачкаме со путер.Го покриваме со проѕирна фолија и се остава така додека не го дуплира тестото својот обем некаде околу 1 до 1ч и 30 мин.Тестото треба да се крене до ивицата на садот во кој што е ставен.
7. Готовото тесто го вадиме од садот и само малку го премесуваме и формираме правоаголник.
8. Го замотуваме тестото во ролат и го ставаме во подмачкан долгнавест калап го покриваме со крпа и го оставаме така да стои на топло уште 30-40 мин.
9. Пре печење се премачкува со разматено јајце и се става да се пече во загреана рерна на 180 Ц. 40 мин.
10. Кога е готов се остава во калапот уште 5 мин да се олади ,а потоа се става на решетка сосема да се олади.
..........Бриош значи тесто богато со јајца,путер и млеко и може да биде во најразлична варијанта и форма со мека срцевина и тенка коричка. Французите многу го употребуваат за доручек намачкан со мармалад или пак со путер и има одличен вкус........
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
...ама еден убав сончев ден ова ќе го испробам и тука ќе си се испофалам со сличе :Р
да бев нормална ќе полудев :) :) :) :)