Брз ролат со јаболка
Изрендајте ги јаболката и измешајте ги со цимет шеќерот. Доколку немате таков, додадете си цимет по вкус и шеќер по потреба во зависност од тоа колку се благи јаболката.
Плехот од шпоретот обложете го со пек хартија и намастете го (иако не ни мора).
Распоредете ги ренданите јаболка врз хартијата рамномерно.
Јајцата со шеќерот и ванилата убаво и густо изматете ги. Рачно вмешајте ги отанатите состојки мешајќи од долу на горе во еден смер.
Истурете ја смесата во јаболката и печете во загреана рерна на 180С 20-25 мин.
Кога е готов, оставете малку да подизлади за да можите да работите, па превртете го плехот врз платнена салвета и завиткајте го ролатот.
Оставете добро да се олади пред да го сечите. Не бидете ко мене нестрпливи и веднаш уште жежок да го масакрирате ))) Излегуваат убави парчиња откако ќе излади. Мислам дека во дополнителна успеав и на брзина од краевите едно и оладено да сликнам...
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Девојки драго ми е што ви се допадна, поздрав до сите :)
Ролатот брз, најбрз, ама и особено вкусен:)
А за масакрите на штотуку извадени од рерна, како и филувани рецепти мислам дека јас сум махер :):):)