9
апр
2013
Брз ликер од екстракт
Ставете ја водата и шеќерот да зовријат. Тргнете го тенџерето од оган и додадете ја ракијата. Откако ќе олади додадете го и екстрактот, чиј вкус го сакате. Убаво промешајте и соберете го ликерот во шише. Толку брзо и веќе имате за кратко време готов ликер.
Овде, на сликата се со 5 различни екстракти-крушка, кој си го нарекуваме крушковец, ментол, јагода, портокал и боровинка (боровница). Значи, изборот на вкус зависи од вас, но фаворитна комбинација е ментол, а второ рангирана е крушка. Накратко, оној кој до сега не правел вакво нешто, а прв пат сака да опроба му сугерирам да избери ментол вкус.
На здравје!
Лиценца: Сите права се задржани
Супер изгледаат сите! Весели чашки за весели луѓе :D
Лили, сликата е „све ми боје... “ :)
Алекса, ликерот ми е вежбан од мали нозе. Штом е благо гајле си немам, ама со тоа ракијата во соло издание уште мака си мачам :)))
Светле, не пијанел, само на смеење тера ;)
Миленче, екпресно брз :)))
Фала ви на сите!
Мислам дека ќе пробам вакво нешто!