Испечати

Брз ликер од екстракт

Брз ликер од екстракт

Состојки

  • 500 гр шеќер
  • 250 гр вода
  • 500 мл ракија
  • 1 екстракт по желба

Подготовка

Ставете ја водата и шеќерот да зовријат. Тргнете го тенџерето од оган и додадете ја ракијата. Откако ќе олади додадете го и екстрактот, чиј вкус го сакате. Убаво промешајте и соберете го ликерот во шише. Толку брзо и веќе имате за кратко време готов ликер.
Овде, на сликата се со 5 различни екстракти-крушка, кој си го нарекуваме крушковец, ментол, јагода, портокал и боровинка (боровница). Значи, изборот на вкус зависи од вас, но фаворитна комбинација е ментол, а второ рангирана е крушка. Накратко, оној кој до сега не правел вакво нешто, а прв пат сака да опроба му сугерирам да избери ментол вкус.
На здравје!